Почитувани велешанки и велешани,

Ви се обраќам и упатувам апел до Вас, но и до сите жители на Општина Велес и Ве замолувам да се придржувате до препораките, што во текот на овие неколку денови ги испраќаме до нацијата, со цел да се спречи ширење на вирусот, кој е активен на глобално ниво.

Мојата порака до Вас е да останете во своите домови за да се заштитите себе си, но и Вашите најблиски. Бидете возрасни со Вашите постапки. Мотивирајте ги и своите врсници и помладите од Вас да го сторат истото со тоа што ќе им покажете добар и позитивен пример со Вашата лична постапка. Истовремено, со тоа што ќе ги почитувате мерките Вашите родители ќе бидат безгрижни и спокојни за Вашето здравје.

Ве повикувам да воспоставиме нови практики на размислување и делување, да бидеме солидарни и со дисциплина да му помогнеме на медицинскиот персонал и на здравствените работници, кои периодов се жртвуваат за нашето здравје.

Со почит,
Градоначалник на Општина Велес,
Аце Коцевски