Градоначалникот Марко Колев денес беше во посета на компанијата Маркарт во индустриската зона Караслари на состанок со генералниот директор на компанијата во Македонија, г-дин Волфганг Аицхер.
Од исклучително значење е кохезијата меѓу локалната самоуправа и бизнис секторот, поради што во наредниот период градоначалникот Колев ќе оствари работни состаноци со повеќе компании од Општината.
Целта на овие средби е да се запознае одблиску со работниот процес, капацитетите и потребите на фирмите со цел овозможување на поголем локален економски развој.