По прибраните предлози од објавениот Конкурс за доделување Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“ , Жири комисијата во состав: Слободанка Чичевска, Фаик Мефаилоски и Благојчо Стојанов  едногласно донесе Одлука за избор на добитник на актерската награда за 2024 година.

Наградата ќе биде врачена во рамки на фестивалот на комедија „5ре“.

Името на добитникот, образложемието и репертоарот на фестивалското издание ќе бидат соопштени на прес конференција што ќе се одржи  на 12 март, вторник, со почеток во 12:00 часот во НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“  Велес.