Од страна на Советот на Општина Велес е формирана Комисија за унапредување на правата на пациентите составена од 11 члена согласно Законот за заштита на правата на пациентите(„Службен весник на Република Македонија“ бр.82/08, 12/09, 53/11, 150/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 190/19 и 122/21).
Членови на Комисијата за заштита на правата на пациентите се:
1.Лидија Димова-Претседател на Комисијата
2.Лилија Чолакова Дервишова-Член на Советот на Општина Велес
3.Жарко Манасков-Член на Советот на Општина Велес
4.Димче Ацков-Член на Советот на Општина Велес
5.Дејан Ристов-Претставник на Здружение на активни граѓани ,,АКТИВО”- Велес
6.Македонка Икономова Давчева-Претставник на здружение за помош на пациенти кои се лекуваат од карцином Љубов сме
7.Силвија Богоевска-Претставник на ЈЗУ Општа болница – Велес
8.Наталија Петковска-Претставник на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес
9.Александра Миклош-Претставник на Организацијата на жени – Велес
10.Димче Велев-Претставник на Здружение на лица со дијабет ,,Шеќерче”-Lolipop – Велес
11.Далиборка Златева-Претставник на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес
За остварување на своите права Советот на Општина Велес им овозможува на пациентите електронски да поднесуваат Барање преку посебен образец на маил:opve@veles.gov.mk.
Покрај електронскиот начин за поднесување на барања, сите заинтересирани пациенти барањата можат секоја среда од 10:00-14:00 часот да ги доставуваат и во хартиена форма во канцеларијата на Комисијата во Граѓанскиот сервис центар кај одговорно лице за прием на истите-Билјана Ангелова Смилева контакт бр.043-232-406 локал 228.


