Градоначалникот на Општина Велес врз основа на Предлогот од Организацискиот одбор на културната манифестација „61.Рацинови средби“ за објавување конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2024 година, бр.08-1590/4 од 09.04.2024 година објавува:

 

  

К О Н К У Р С

за доделување на наградата

  „Рациново признание“ за 2024 година

 

 

Наградата „Рациново признание“ се доделува за прозни, литературни остварувања на автори од Република Северна Македонија објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.

Право на учество на конкурсот имаат сите автори и издавачи кои во периодот од јуни 2023 година до мај 2024 година објавиле прозни дела на македонски автори.

Делата се доставуваат во 3 примероци на адреса: Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес со назнака – За конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2024 година.

Делата треба да се достават на горенаведената адреса најдоцна до 17.05. 2024 година.


Конкурс „Рациново признание“ 2024