Наградата „Рациново признание се доделува за прозни, литературни остварувања, на автори од Република Северна Македонија, објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.
Право на учество на конкурсот имаат сите издавачи и автори кои во периодот од јуни 2025 до април 2026 година објавиле прозни дела на македонски автори.
Делата во три примероци се доставуваат на адреса: Општина Велес, со назнака за Културна манифестација „Рацинови средби“, ул. Панко Брашнар бр.1, 1400 Велес во периодот до 15-ти мај 2026 година.


