Градоначалникот на Општина Велес врз основа на Предлогот од Организацискиот одбор на културната манифестација „60.Рацинови средби“ за објавување конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2023 бр.08-1177/15 од 03.05.2023 година објавува:  

 

К О Н К У Р С

за доделување на наградата

  „Рациново признание“ за 2023 година

 

 Наградата „Рациново признание“ се доделува за прозни, литературни остварувања на автори од Република Северна Македонија објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.

Право на учество на конкурсот имаат сите автори и издавачи кои во периодот од јуни 2022 година до мај 2023 година објавиле прозни дела на македонски автори.

Делата се доставуваат во 3 примероци на адреса: Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес со назнака – За конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2023 година.

Делата треба да се достават на горенаведената адреса најдоцна до 25.05. 2023 година.

 

Градоначалник

на Општина Велес

Марко Колев