ЦЕЛ НА КОНКУРСОТ
Конкурсот се распишува со цел да се соберат предлози за добитник на Актерската награда за животно дело „Петре Прличко“.
ПРАВО НА УЧЕСТВО
Предлог за добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност како драмски уметници, национални и локални институции и здруженија на граѓани од областа на драмската уметност од Република Северна Македонија.
Предлозите за добитник треба да се професионални драмски актери државјани на Република Северна Македонија.
Предлозите со кои актерите се предлагаат себе си нема да се земат предвид за доделување на наградата.
Предлозите може да се достават во архивата на Општина Велес или преку пошта на адреса „Панко Брашнар” бр.1, 1400 Велес, со назнака за „Комисија за доделување Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“ најдоцна до 20.04.2023 година.
ПРЕДЛОГ
Предлогот за добитник на Актерската наградата за животно дело „Петре Прличко“ треба да содржи:
- пријава за предлогот за добитник од предлагачот;
- биографија на предлогот за добитник што ги содржи сите досегашни професионални остварувања во областа на драмската уметност и евентуалните награди и признанија;
- фотографија на кандидатот и
- образложение од предлагачот за поднесување на предлогот за добитник на конкурсот.
НАГРАДА
На конкурсот се доделува една награда и таа не е делива.
Наградата се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и паричен дел.
ИЗБОР
Изборот на добитник го врши стручна комисија од три (3) члена.
Комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот на прес-конференција во Општина Велес,
најдоцна 5(пет) дена по истекот на рокот предвиден за предавање на предлозите по конкурсот.