Oрганизаторот „Сојуз на спортови на Велес“, распишува Конкурс за доделување на награди и признанија за „Избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Велес” за 2021 година:

  1. “Сојузот на спортови на Велес“ покренува постапка за “Избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Велес, за 2021 година“.
  1. Наградите и признанијата за најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Велес, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клупски спорт во тековната година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови, чие седиште е во Велес.
  1. Право на предлагање на кандидати за изборот на најуспешните, имаат спортските клубови и нивните членови, чие седиште е во Велес.
  1. Предлозите за “Избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Велес, за 2021 година“, се за следниве категории:

– Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени);

– Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени);

– Најуспешен тренер во сениорска конкуренција;

– Најуспешен тренер во младинска конкуренција;

– Најуспешна спортска екипа од Велес во сениорска конкуренција (прво, второ и трето место);

– Најуспешна спортска екипа од Велес во младинска конкуренција (прво, второ и трето место);

– Најуспешни спортски манифестации организирани под покровителство на Oпштина Велес за 2021година;

– Најуспешно осново или средно училиште од областа на спортот за 2021 година (најдобри спортски резултати на општински зонски регионали и државни првенства организирани од Училишната федерација на Македонија);

– Најуспешен спортски судија од град Велес за 2021 година;

– Спортисти кој потекнуваат од Велес, а се дел од македонската репрезентација и со успех го претставуваат и афирмираат Велес во државата и надвор од неа преку настапи во репрезентацијата и своите клубови на меѓународни натпревари.

  1. Критериум за спортските остварувања се резултатите постигнати на олимписки, светски, европски првенства и други меѓународни натпреварувања.
  1. Клубовите и нивните членови од екипните спортови се рангираат преку настапи на големите натпреварувања, кои претходно учествуваат на натпревари во соодветните македонски лиги, квалификациите и европските, светски купови и други регионални натпреварувања.
  1. Предлозите за горенаведените спортски категории ги доставуваат спортските клубови и нивните членови, со седиште на подрачјето на град Велес, со уредна документација којашто треба да содржи:

– копија за регистрација на субјектот со седиште во Велес,

– копија од регистрациска книшка на предложениот спортист/ка,

– тренер со право на настап на натпревари во тековната година,

– официјален документ за постигнатите спортски резултати објавени во билтени, веб-страници, код-системи и слично.

  1. Јавниот конкурс трае пет (5) работни дена сметано од денот на објавувањето, од 13.12. до 17.12.2021 година.
  1. Предлозите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во спортската сала „Гемиџии” (во канцеларијата на Диме Велев или лично на претседателот на Сојузот на Спортови на Велес, Ангел Љутков), со назнака за „Избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Велес за 2021 година”.

 

Дополнителни информации во врска со конкурсот може да се добијат на телефон 078/245-559, Сојуз на спортови на Велес.