За учебната/студиска 2024/2025 година, Општина Велес ќе додели:

  • 17 стипендии на талентирани ученици од II, III, IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци за учебната 2024/2025 година.
  • 17 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од 2.500 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци во годината за учебната 2024/2025 година.

Средствата за стипендиите се обезбедени од: Буџетот на ОПШТИНА ВЕЛЕС, и донации од: ЖИТО МАРКЕТИ и АГРИА-АГРОИНДУСТРИСКА ГРУПАЦИЈА ДООЕЛ Велес

 

Услови за доделување на стипендии

 

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Северна Македонија, а  ги исполнуваат следните услови:

  1. Редовни ученици од средно образование од II, III, IV година со одличен успех, (за годината која и претходи на година во која аплицира за стипендија)  кои освоиле награда на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот (во претходната учебна година);
  2. Редовни студенти со минимум запишана II година со континуирано студирање, кои освоиле награда на државни или награда на меѓународни натпревари  од областа на науката, техниката, културата и спортот, и во текот на студии постигнале просечен успех од 9.00 и над 9.00.
  3. Да се жители на Општина Велес и
  4. Да се државјани на Република Северна Македонија.

 

Потребни документи за учество на конкурсот за стипендии

 

За ученици

 

  1. Пријава од апликантите до Комисијата.
  2. Свидетелство од претходна учебна година.
  3. Документ кој потврдува освоени награди од општински, регионални, државни и меѓународни натпревари (за претходната учебна година).
  4. учества во хуманитарни акции, учества на семинари, конференции, образовни прoекти, активни партиципации во НВО, благодарници и слично (за претходната учебна година).
  5. Препорака од предметниот наставник во која ќе наведе учеството на натпревари и освоените награди (освоени во претходната учебна година).
  6. Изјава заверена на нотар дека барателот е согласен неговите лични податоци да се користат исклучиво за постапката за доделување на стипендии)
  7. Изјава дека сите податоци доставени со целокупната документација се вистинити и содржината на истите е вистинита.

 

За студенти

  1. Пријава од апликантите до Комисијата.
  2. Уверение за положени испити.
  3. Потврда за запишана година на факултетот.
  4. Документ кој потврдува освоени награди на државни и меѓународни натпревари.
  5. учества во хуманитарни акции, учества на семинари, конференции, образовни прoекти, активни партиципации во НВО, благодарници и слично.
  6. Потврда за објавени стручни трудови.
  7. Препорака од ментор на студентот.
  8. Изјава заверена на нотар дека барателот е согласен неговите лични податоци да се користат исклучиво за постапката за доделување на стипендии)
  9. Изјава дека сите податоци доставени со целокупната документација се вистинити и содржината на истите е вистинита.

 

               Место и рок за поднесување на документите

 

Пријавата со потребните документи се доставуваат по електронски пат на https://euslugi.veles.gov.mk/.

Рокот за поднесување на документите е од  11.11.2024 до 25.11.2024 година.

Пријавата е објавена на веб-страната на Општина Велес.

Некомплетни документи нема да се разгледуваат.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на веб страната на Општина Велес и истакнати на огласна табла во Општинскиот центар за услуги.

Поблиски информации можат да се добијат на тел. 232-406 локал 109 или 075 325 688 и 078 342 316

Конкурсот ќе биде објавен:

  • на веб страната на Општина Велес и социјалните мрежи на Општина Велес и донаторите
  • на огласна табла во Општинскиот центар за услуги,
  • на огласна табла во сите средни училишта во градот
  • на огласната страна на факултетите и дисперзираните студии со седиште во Велес

 

 

Број: 25-3740/7

11.11.2024 година                                                      Комисија за стипендирање на

Велес                                                талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес


Конкурс
Потребните документи може да ги преземете на следниот ЛИНК