Врз основа на член 3 од Деловникот за работа на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.11/2011), член 7 од Прaвилникот за условите, критериумите и начинот за доделување стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес 20/2018), а во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес бр.25-4528/ Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 20.11.2020 година, распишува
КОНКУРС
за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2020/2021 година
За учебната 2020/2021 година, Општина Велес ќе додели:
- 10 стипендии на талентирани ученици од III-IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 1.500 денари месечно , а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.
- 10 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно , а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.
Услови за доделување на стипендии
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
- Редовни ученици од средно образование со континуиран одличен успех, кои освоиле I наградa на државни натпревари или I, II, или III награда на меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот.
- Редовни студенти со континуирано студирање, кои освоиле I награда на државни или I, II, или III награда на меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот, при што приоритет имаат кандидатите кои освоиле повисока награда, а кои во претходните години на студии постигнале просечен успех од 9.00 и над 9.00.
- Да се жители на Општина Велес и
- Да се државјани на Република Северна Македонија.
Потребни документи за учество на конкурсот за стипендии
- Пријава од апликантите до Комисијата.
- Свидетелства за континуиран одличен успех
- Уверение за положени испити.
- Потврда за запишана година на факултетот.
- Документ кој потврдува освоени награди на државни натпревари.
- Документ кој потврдува освоени награди на меѓународни натпревари.
- Потврда за објавени стручни трудови.
- Препорака од предметниот наставник/ментор на студентот
- Препорака од наставничкиот колегиум/училиштето-факултетот.
- Уверение за семејно и материјална положба.
- Потврди за личен доход на вработените членови од семејството.
- Потврда од Агенцијата за вработување за невработените членови од семејството.
- Фотокопија од лична карта или пасош.
Место и рок за поднесување на документите
Пријавата со потребните документи се доставуваат во затворено плико со назнака „За Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес“ ул.„Панко Брашнар” бр.1 Велес со доставување во Општинскиот центар за услуги или по пошта.
Рокот за поднесување на документите е од 20.11.2020 до 04.12.2020 година.
Пријавата може да се подигне заедно со другите обрасци во Општинскиот центар за услуги или на веб-страната на Општина Велес
Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.
Резултатите од конкурсот ќе бидат најдоцна до 10.12.2020 година.
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на веб страната на Општина Велес и истакнати на огласна табла во Општинскиот центар за услуги.
Незадоволните кандидати можат да поднесат приговор до Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес во рок од 3 (три) дена од објавувањето на резултатите.
Поблиски информации можат да се добијат во Општинскиот центар за услуги на тел. 232-406 локал 226.
Конкурсот ќе биде објавен:
- на веб страната на Општина Велес и социјалните мрежи на Општина Велес
- на огласна табла во Општинскиот центар за услуги,
- на огласна табла во сите средни училишта во градот
- на огласната страна на факултетите и дисперзираните студии со седиште во Велес