Организацискиот одбор на културната манифестација „Рацинови средби“, врз основа на Одлуката бр.25-1524/8 од 29.04.2025 година за објавување Конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2025 година, објавува
К О Н К У Р С
за доделување на наградата
„Рациново признание“ за 2025 година
Наградата „Рациново признание се доделува за прозни, литературни остварувања на автори од Република Северна Македонија, објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.
Право на учество на конкурсот имаат сите издавачи и автори кои во периодот од јуни 2024 до април 2025 година објавиле прозни дела на македонски автори.
Делата во три примероци се доставуваат на адреса: Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес во периодот до 16-ти мај 2025 година, (со назнака за Културна манифестација „Рацинови средби“).