Денес, на ден 15.05.2026 година беше одржана конститутивната седница на Општински совет за превенција на детско престапништво на Општина Велес со мандат од 2025-2030 година.
Општинскиот совет за превенција на детско престапништво брои 22 члена.
Присутните на седницата имаа можност да разменат мислења и искуства, при што беше нагласена важноста од соработка помеѓу членовите на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво и надлежните институции од оваа област.
Општинскиот совет за превенција на детско престапништво е формиран со цел спречување на детско престапништво, да предлага мерки и активности за заштита на децата, да организира едукативни и превентивни активности и да придонесува подобра безбедност и воспитување на малолетниците во заедницата.
На денешната седница за Претседател на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво беше избрана Катерина Ставревска, за заменик претседател Лепа Јовановска и секретар Емилија Перкова.






