Во рамки на активностите за ревитализација на езерото Младост, се изврши чистење на крајбрежјето од суви наслаги, наталожен седимент возводно, сува трска и наслаги. Акцијата беше спроведена според предвидената динамика од страна на Јавното претпријатие за водостопанство Лисиче во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во наредните денови ќе биде распишан и јавен повик за изведба на бушотини со кои ќе се подобри квалитетот на водата во езерото, а во фаза на изработка е и проект за санација на темелниот испуст.
Општина Велес упатува благодарност до општествено одговорните компании кои со својот придонес овозможуваат еко обнова на езерото. Општина Велес ќе продолжи и годинава со чистење на Отовичка река.
Во соработка со Владата, Општина Велес ќе работи и на довршување на цевководот за поврзување на акумулациите Лисиче и езеро Младост.
Во наредниот период продолжуваат посветени и координирани акции за обнова на езерото во насока на враќање на епитетот што го заслужува, атрактивна туристичка дестинација за домашни и странски туристи.