Во текот на изминатите десетина дена заедно со службите на ЈКП Дервен:
– Исчистени се диви депонии на улиците Никола Карев, Благој Кирков, Петре Прличко и 8ма Велешка бригада, влезовите на гаражите под плочникот на ул.11 Октомври, под градските гробишта кај с.Раштани и каналот кај Потокот во два наврати
– Генерално чистење на улиците Илинденска, Белградска, Жифко Фирфов, Сараевска, Цар Самоил на влезот и летната тераса на киното и градските гробишта кај с.Раштани
– Ископ за поставување на секундарна водоводна линија со должина од 100м за поврзување на водовод на нови објекти во индустриската зона Речани
– Средување и одржување на зеленило и кастрење на гранки на улиците Димче Мирчев, Луј Пастер, Ѓоре Органџиев, Белградска, Мицко Козар, Петре Прличко, долж каналот кај Касарната, од двете страни на Вардар, Младински парк, Градски парк
– Санирани се тротоарите со порамнување на бекатон плочки со ослободување на коренските системи на дрвјата на повеќе локации во градот
– Дислоцирана е канализационата мрежа на ООУ Панко Брашнаров, со цел продолжување на градежните активности на Градскиот пазар.
На сите нас е да се грижиме за околината, зашто само заедно може да придонесеме за зачувување и подобрување на животната средина.
За поубав Велес!