Љубителите на класичната музика вчеравечер имаа можност да уживаат во звуците на класичната музика во изведба на Пламенка Трајковска. Таа со гудачкиот квартет го изведе својот концерт „Балканско патување“.

Програмата на „Велешко лето 2025“ продолжува вечерва  со креативна работилница „Цртаме лето“ и дружба со маскотата Стич. Настанот ќе се одржи на детското игралиште во Комплекс УЗУС  во 19:00 часот.