Младите велешани вчеравечер во Градскиот парк учествуваа на креативна работилница на која се запознаа со основите за цртање и сликање. Секој од учесниците имаше можност да наслика цртеж по свој избор. Најмладите пак имаа можност да сликаат со меурчиња.
Организатор на креативната работилница е Центарот за уметност „Контура“ Велес арт центар, а се одржа во рамки на Велешко лето 2024.
Во недела на 4 август, на Игралиште Тунел, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи музичка настан со Катерина Димитриевска насловен како Double Trouble.