Започна одбележувањето на празникот на градот, 9 Ноември. Во рамки на програмата за одбележување на празникот, вчера, 02 ноември, во холот на театарот „Ј.Х.К. Џинот“ се одржа традиционалната крводарителска акција во организација на Мото клубот „Носачи на крстот МК“, ОО на Црвен крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина во Скопје.

На крводарителската акција беа собрани рекордни 200 крвни единици што покажува дека Велес останува на врвот на градови во крводарителските акции.

Одбележувањето на 9 Ноември продолжува во сабота, 8 ноември, со меѓународниот турнир на ракометни ветерани „Велес 2025“ во спортската сала „Гемиџии“. Организатор на турнирот е Здружението на спортски ветерани Велес со поддршка на Општина Велес.