Под слоганот „Ти подарувам бесмртност“ викендов се одржа крводарителска акција во спортската сала „Гемиџии“ со што започна чествувањето на 62. Рацинови средби во Велес. Крводарителската акција се реализираше во организација на Институтот за трансфузиона медицина во соработка со Црвен крст Велес. На акцијата се собраа 34 крвни единици а велешани уште еднаш ја покажаа и потврдија својата хуманост и ја поддадоа својата рака во чест на великанот Коста Солев Рацин, со кој сите ние се гордееме.