На Раштански пат се поставени нови средства за смирување на сообраќајот, т.н. „лежечки полицајци“ како и соодветна вертикална и хоризонтална сигнализација. Со овие активности се придонесува за намалување на брзината на движење на возилата и поголема безбедност на пешаците и на сите останати учесници во сообраќајот.
Безбедноста на патиштата за сите учесници во сообраќајот е приоритет за Општина Велес и затоа континуирано реализира активности во таа насока.