Едно од предизборните ветувања на градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, беше активна заложба за поголемо вклучување на жените во креирање на локалните политики и овозможување на женските бизнис-партнери поголема поддршка за да ги идентификуваат начините за раст и развој.

Во таа насока денес градоначалникот Колев учествуваше на локален форум „Образовна доквалификација на жените претприемачки како клучен елемент во развојот на женското претприемништво” кој се одржува во рамки на проектот Национална платформа за женско претприемништво кофинансиран од Европската Унија. На форумот уште еднаш ја искажа подготвеноста како Градоначалник на Општина Велес за соработка и преземање на конкретни активности во овој правец.

Време е да ги срушиме предрасудите и стереотипите, време е Велес да го препознае женското претприемништво како сила која придонесува за развојот на економијата, затоа што Велес е на сите нас!