„Лума фест“ грмеше во Велес. Над 1.500 љубители на електронската музика уживаа во ритамот на музиката на второто издание на фестивалот што се одржа во саботата вечер на платото пред Спомен Костурницата. Фестивалот донесе светски имиња од светот на електронската музика кои со моќниот звук направија неверојатна атмосфера, вредна за паметење.

„Лума фест“ уште еднаш покажа дека Велес е центарот на културата од светски рамки.

Велешко лето продолжува со разновидни културни содржини и неделава. Ве очекуваме.