На Технолошко-техничкиот факултет во Велес деновиве се одржува Маѓународна научна конференција од областа на науката за храна, исхраната, иновативните технологии и одржливоста. Конференцијата претставува можност за размена на знаења, искуства и современи научни достигнувања. Преку презентација на најновите истражувања и иновативни пристапи, учесниците отвораат прашања кои се особено важни за современото општество,од безбедноста и квалитетот на храната, здравите животни навики и новите технологии, до рационалното користење на ресурсите и заштитата на животната средина.
На конференцијата учествуваше и градоначалникот Марко Колев. Општина Велес и во иднина останува партнер и поддржувач на факултетот но и на науката и знаењето кои се темел за градење на здрава младина и одржливо општество.












