Атлетскиот натпревар за млади атлетичари се одржа на 6 септември 2026 година (недела) со почеток во 16:30 часот на реконструираната атлетска патека на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес. Младите атлетичари се натпреваруваа во повеќе дисциплинии категории, во машка и женска конкуренција, покажувајќи спортски дух и борбеност.
Ова натпреварување означи враќање на атлетските настани на овој стадион по пауза од 16 години, по целосното реновирање и поставување на нова тартан подлога на патеката.
Купот на Македонија за пионери се одржа во организација на Атлетската федерација на Македонија.



























