Над илјада мотоциклисти од земјава и од странство изминатиот викенд беа дел од традиционалниот Мото собир, што по 13 пат го организира Мото клубот „Носачи на крстот“ со поддршка на Општина Велес. Од езеро Младост до Велес, низ градските улици возеа мотоциклистите кои беа вистинско доживување за сите граѓани. Во рамки на манифестацијата се одржа и традиционалната мото забава што се одржа на плажата од влезот на езерото. Стотици посетителите и љубителите на мото културата уживаа во богатата едукативна и музичка програма што им ја приредија организаторите.
На мото собирот учествуваа мотоциклисти од повеќе мото клубови од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Швајцарија, Америка, Хрватска и Косово.