Изминатите два дена на паркингот кај СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ се одржа мото настан во организација на Мото клубот „Носачи на крстот МК“. Над 200 моптоциклисти од цела Македонија учествуваа на настанот и приредија вистинско доживување на поддржувачите на мото културата.
На Гимкана и Спора трка се натпреваруваа педесет учесници кои со својата умешност и прецизност во управувањето на мотоциклите вешто се справија низ разните предизвици. Најдобрите од нив во различни категории добија и награди.
Уште еден несекојдневен настан исполнет со позитивна атмосфера и адреналин во рамки на „Велешко лето 2026“.



















