Повик за поднесување на понуди
Република Северна Македонија
Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП
MSIP-NCB-108-19
1. Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година.
2. Република Северна Македонија доби кредит од Меѓународната Банка за Обнова и Развој (IBRD), за спроведување на Проект за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Реконструкција на кров во ССОУ „Јовче Тесличков.
3. Општина Велес ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат: Реконструкција на кров во ССОУ „Јовче Тесличков.
4. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
5. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 07:30 до 15:30:
Адреса: Панко Брашнар 1, Велес
Град: Велес
Поштенски број: 1400
Држава: Република Северна Македонија
Телефон: 043-232-406
Факс: 043-232-966
Електронска адреса: opve@veles.gov.mk
Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да се добие директно од Општина Велес по достава на писмено барање.
6. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 12:00ч, 28.10.2019 Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:00ч, 28.10.2019.
7. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 180,000,00 МКД.
8. Адреса: Панко Брашнар 1, Велес
Град: Велес
Поштенски број: 1400
До Архива
Држава: Република Северна Македонија