Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ обезбеди нови инструменти за своите ученици. По завршувањето на зимскиот распуст, наставниците и учениците од нижото музичко училиште ќе можат да учат и да се надградуваат на новите музички инструменти. Средствата за набавка на инструментите беа обезбедени пред крајот на 2024 година со што уште еднаш се потврди приоритетот на општината, инвестирање во квалитетот на образованието.