Учениците од ООМУ „Стефан Гајдов“ одржаа концерт во салата „Бели Мугри“. Концертот на класична музика е со наслов „Музички бисери“ и со него го одбележаа јубилејот 75 години од постоењето на музичкото училиште и неговата педагошка дејност. Во досегашнато работење на училиштето излегле плејада на музички дејци како композитори и инструменталисти кои концертираат ширум светот и предаваат во високи музички институции. Концертот на учениците на музичкото училиште „Стефан Гајдов„ се одржа во рамки на програмата на „Велешко лето 2021“.