Романтичните звуци од флејтата на Екатерина Димитриевска ги разнежнија присутните на нејзиниот настап во населба Тунел. Таа приреди едно поинакво доживување и уживање во неделната музичка вечер.
Во продолжение настапи дуото Дабл трабл кое донесе дел од најголемите светски и домашни хитови. Можеа да се забележат задоволни лица кои уживаа во музиката на изведувачите.