Во Младински парк, вчеравечер, се одржа интерактивна работилница со најмладите во градот. Преку креативни игри и интерактивни активности децата ја разбудија својата имагинација и го поттикнаа натпреварувачкиот дух меѓу нив. Тие се забавуваа и научија повеќе за овошките на промоцијата на детската сликовница „Кошница со овошје“ од Сања Стојанова.
Настанот беше дел од програмата на Велешко лето 2024, а продолжува вечерва, 01 август, со креативна работилница и сликање со меурчиња во Градски парк, со почеток во 18:30 часот.