Денеска се одбележува Националниот ден на Власите, 23 Мај. Влашката заедница остави големи траги во градењето на македонската држава и е составен дел од нашето мултикултурно општество со свои карактеристични обичаи и традиции.

Власите исто како и нивните предци се лојални граѓани на својата татковина, работат и творат за нејзините интереси и се нераскинлив дел од македонската нација.

Почитувани наши сограѓани Власи, нека ви е честит  Националниот ден, 23 Мај.