НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ“
Способностите и достигнувањата на жените и девојките со попрченост, нивното економско јакнење и вклучување на пазарот на трудот беа темите на националната конференција насловена „Заедно сме посилни“ во организација на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености Велес. На конференцијата се обратија претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова, Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, Амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас и Амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Јаин. Секој од своја гледна точка говореше за предизвиците со кои се уште се соочуваат државните институции во напорите да го подобрат квалитетот на живот на лицата со попречености.
На конференцијата присуствуваше градоначалникот Марко Колев, пратениците Игор Здравковски и Александар Јамалов, како и бројни претставници на јавни институции, Здруженија на граѓани и поддржувачи на лицата со попречености.





















