На манифестација што се одржа во рамки на чествувањето на 9 Ноември, Општина Велес ги награди најдобрите ученици и нивните ментори кои во учебната 2025/2026 година постигнаа државен, меѓународен или олимписки успех. Признанија им додели на 126 ученици и 50 ментори од основните училишта и на 56 ученици и 37 ментори од средните општински училишта.

Трета година по ред Општина Велес ги наградува учениците кои постигнуваат успеси на државни, меѓународни и на олимписки натпревари и ги поттикнува да го развиваат својот талент и да продолжат да го градат својот успех.

Општина Велес упатува честитки до сите наградени ученици и нивните ментори ветувајќи дека постојано ќе ги следи нивните успеси и ќе го вреднува нивниот труд.