Во тек се подготовките за „Велешко лето 2026“. Програмата и годинава ќе биде богата со разновидни содржини и настани од областа на музиката, литературата, ликовната, филмската и друг вид на уметности. Настаните ќе се одржат на различни локации низ градот со што ќе бидат достапни до сите граѓани на Велес и пошироко.
„Велешко лето 2026“ започнува во петок, 10 јули, во Амфитеатар со почеток во 21:00 часот, со концерт на групата Некст тајм. Домаќин на отворањето ќе биде неповторливиот Стефан Николовски.


