Во рамките на „Велешко лето 2021“, денеска во салата „Бели Мугри“ настапи дуото Гацева-Џорлева. Двете пијанистки, Ана Гацева и Татјана Џорлева изведоа музика за четирирачмо пијано од Грид, Сати и Чајковски.

По изведбата публиката ги награди со громогласен аплауз.

Граѓаните на Велес ќе имаат можност во наредниот период да проследат голем број на концерти на забавна и народна музика, џез и класична музика, на промоции на книги и други мултимедијални културни настани.

Сите настани и активности ќе бидат организирани согласно објавените протоколи за организирање на настани.