Во рамките на 62. Рацинови средби, во фоајето на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, се одржа научна конференција на тема „Рациновите одблесоци врз современиот македонски јазик и книжевноста. Конференцијата е во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Општина Велес, а на неа учествуваа еминентни имиња од научната мисла за јазикот и книжевноста.

Чествувањето на Рацин продолжува вечер со положување на свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште и пред споменикор во дворот на Гимназијата што го носи неговото име. Потоа следува изложба на скулпторот Ангел Коруновски и свеченото отворање на Рациновите средби.