Продолжуваат активностите во рамки на Велешко лето 2024. Вечерва, 22 јули, на ред е поезијата за која ќе се говори со средношколци на работилница. Работилницата ќе се одржи во кафе бар „Тарантино“ од 12 до 15 часот. На тема поезија, со средношколците ќе разговараат менторите Даница И. Лепојевиќ и професор Соња Карбева.
Во среда, на 24 јули, ќе се одржи поетски перформанс „Ритамот на зборот“ под водство на Даница И. Лепојевиќ и професор Соња Карбева. Настанот ќе се одржи на платото пред кафе бар „Тарантино“ во 19.30 часот.
На 25 јули, во четврток, следува настапот на стенд ап комичарот Семир Гициќ од Србија насловен како „Бескомпромисен стенд ап“. Настанот ќе се одржи во Амфитеатарот со почеток во 21 часот.
Оваа недела се заокружува со традиционалниот „Илинденски коњички марш“ кога во центарот на градот ќе се пречека коњаницата, а веднаш потоа ќе се одржи концерт на група „Романтик“. Настанот ќе се случи кај споменикот на Велешките илинденци со почеток во 19 часот.