Изминатите повеќе од две години Општина Велес интензивно работи на реконструкција на речиси сите спортски терени и детски игралишта во градот. За жал, она што разочарува е негрижата на младите генерации кои во вечерните часеви дивеат и уништуваат.

Сведоци сме на секојдневно вандалско однесување, возење со велосипеди и мотори по тартан патеките и спортските терени, повеќе лица качени на лулашка за едно лице, скокање и удирање по клупите и останатата урбана опрема, поради што дел од новите игралишта се веќе оштетени.

Ги охрабрувам младите да бидат пример за оние кои се однесуваат погрешно, а возрасните да разговараат со своите деца и да ги советуваат. Апелираме за свест и разум да не се уништува она што е направено со народни пари, а секој што ќе примети вакво вандалско однесување да пријави до надлежните институции.

Заедно да се грижиме и да се однесуваме одговорно кон околината во која живееме!

 

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес

Марко Колев