Спортскиот настан што се случи вчеравчер на паркингот кај „Гимназијата Кочо Рацин“ собра над 260 мотоциклисти од Македонија и Србија. Учесниците се натпреваруваа во спора трка и гимкана и приредија несекојдневен настан за љубителите на овој спорт. На најдобрите од вкупно 46 натпреварувачи на гимканата и спората трка им беа доделени повеќе награди во различни категории. Мото настанот го организираше Мото клубот „Носачи на крстот МК“ а се одржа во рамки на Велешко лето 2025.
Големата летна манифестација продолжува вечерва со концерт на класична музика на Вероника Караколева и Фросина Џини во Ликовен салон со почеток во 20:00 часот.











