Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, Општина Велес организира тридневни настани и активности. Од 6 до 8 март ќе се одржи осмомартовски базар на кој граѓаните на Велес ќе имаат можност да купат подароци за своите мајки, баби, сопруги на тезгите со различни предмети изработени од вештите раце на нашите креативни сограѓани. Тезгите ќе бидат поставени во Младински парк и пред платото на Основен суд Велес.

Своите креативни вештини ќе ги презентираат и учениците од основните и средните училишта во градот кои организираат училишен осмомартовски базар на 7 и 8 март.

За улогата на жената во општеството, предизвиците и стереотипите ќе се дебатира на средношколска дебата што ќе се одржи на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, во Големата сала на Општина Велес.