Во првата половина на годинава граѓаните на Велес ќе добијат нов паркинг, кој ќе биде лоциран на просторот на поранешниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Во тек е подготовка на проектна документација за изградба на паркин просторот.

Новите паркинг места со оглед на нивната местоположба, во голема мера ќе го растеретат сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.