Спортскиот терен во село Бузалково е во завршна фаза. Жителите на ова село ќе добијат ново кошаркарско игралиште, изведено со современа подлога, а во наредниот период ќе се изврши боење и бележење, по што ќе биде подготвено за спорт и рекреација.
Општина Велес продолжува со инвестиции во спортот кои истовремено се инвестиции во здравјето на граѓаните, особено на младите.






