Децата од основните училишта „Блаже Конески“ и „Васил Главинов“ добија нов училишен инвентар. Набавени се 544 училишни клупи, 1056 столчиња и друг дополнителен инвентар со цел да се подобрат условите за одвивање на воспитно-образовниот процес. Вкупната вредност на инвестицијата е околу четири милиони денари.
Општина Велес продолжува со инвестиции во образовнието во градот.