Ново ефикасно средство беше презентирано во Територијалната противпожарна единица Велес. Се работи за еколошко и побезбедно средство Flamblocker CF7 кое е набавено за потребите на противпожарната единица. Оваа иновативна технологија овозоможува побрзо ладење и контролирање на пожарите, значителна помала потрошувачка на вода и намален ризик од повторно палење.
Средството има широка примена при пожари на објекти, возила и во природа, вклучително и при пожари на електрични возила и литиум-јонски батерии.
Општина Велес продолжува со модернизација на противпожарната заштита за побезбедно гасење на пожарите и поголема безбедност и сигурност како на пожарникарите така и на граѓаните.


