Четири автобуски постојки се поставени на неколку локации во градот. Смарт постојките се опремени со лед дисплеи на кои континуирано ќе се движат информативни содржини со фотографии и видеа.
Постојките се наоѓаат на улиците „8ми Септември“ (наспроти паркингот кај Основен суд Велес), на „Алексо Демниевски Бауман“ (во непосредна близина на спортската сала), „Борис Трајковски“ (наспроти Пан Промет) и на улица „Благој Ѓорев“ (под Касарната).
Автобуските постојки се дел од проектот „Паметни решенија Велес – продолжуваме“.