Над четири илјади ученици од основните училишта во Велес учебната 2026/27 година ќе ја започнат со нови униформи. Униформите се обезбедени со средства од блок-дотациите на училиштата. Со оваа мерка ќе се намалат финансиските трошоци на семејствата, ќе се обезбеди еднаков изглед на учениците со што ќе се поттикне чувство на припадност кон училиштето.
Во текот на оваа седмица, учениците ќе имаат можност да ги пробаат униформите според величините и навреме да се подготват за почетокот на учебната година.
Општина Велес во соработка со училиштата продолжува да вложува во подобрување на условите за воспитно-образовниот процес, создавајќи покквалитетна и попријатна средина за сите ученици.


