Новото детско катче изградено во близина на железничката станица денеска беше ставено во функција. Детското игралиште го носи името „Зоки Поки“ во чест на прерано починатиот Зоран Љутков, еден од сопствениците на компанијата Пододекор, која е донатор на игралиштето.

Општина Велес упатува голема благодарност до семејството на Љутков кое во најтешките мигови смогна сили да го заврши она што беше негова желба, да му подарат на градот катче за најмалите.

Општествената одговорност на компанијата нека биде пример и поттик за целата бизнис заедница на Велес.