Продолжува промената на мрежата на улично осветлување во руралните средини. Во селата Сојаклари, Отовица и Башино Село старото се заменува со ново улично осветлување, а истовремено се отстрануваат и дефектите во мрежата во овие три населени места, со што уличното осветлување ќе биде целосно функционално.