Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 139/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19, 267/20 и 151/21) и член 50 став 13 и став 14 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со објавениот оглас бр.01/2021 (со 04-2889/2 од 20.07.2021 година),

Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната:

О Д Л У К А

за избор на кандидат по Јавен оглас за вработување на неопределено време

1.Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас бр.01/2021 (со арх.бр.04-2889/2 од 20.07.2021 година) за прием на работници во работен однос на неопределено време на работно место Работник за давање на податоци-информации, ниво А2, шифра УПР 04 05 А02 013– 2 (двајца) извршители, а изврши избор на следните кандидати:

  • Цвета Давчева
  • Зорица Попова Илиева

2.Врз основа на одлуката за избор со избраните кандидадати наведени во точка 1 од оваа Одлука, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време, по конечноста на оваа Одлука.

3.Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

  ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Општина Велес на ден 21.07.2021 година објави Јавен оглас бр.01/2021 (со арх.бр. 04-2889/2 од 20.07.2021 година) за прием на работници во работен однос на неопределено време на работно место-Работник за давање на податоци-информации, ниво А2, шифра УПР 04 05 А02 013–2 (двајца) извршители, утврдено со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес. На јавниот  оглас се јавија 5 (пет) кандидати.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатите пријави и документи и изврши проверка на истите. Од извршената проверка, Комисијата ја спроведе постапката по пристигнатите пријави по огласот и до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со ранг-листа за вршење на избор на кандидати од негова страна.

Врз основа на горе наведеното, а  согласно член член 23 став 4 од Законот за работни односи и член 50 став 13 и став 14 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот изврши избор на два кандидати и донесе одлука како во диспозитивот.

Правна поука: Против оваа одлука незадоволната страна има право на приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на одлуката на страната на Општина Велес.